Достапни линкови

Филе: Местото на Албанија е во ЕУ


Комесарот за проширување на ЕУ, Штефан Филе, по средбата со албанскиот премеир Сали Бериша оценил дека изборот на нов шеф на државата е едно од значајните прашања за Албанија и порачал тоа да биде резултат на политички дијалог, јави дописникот на МИА од Тирана. Филе упатил апел парламентарните и изборните реформи да завршат пред изборот на новиот претседател, изкажувајќи задоволство од расположбата што ја слушнал по ова прашање. Филе пред новинарите изјави дека местото на Албанија го гледа во ЕУ и дека сега земјата има шанса тие можности да ги зголеми. Според него, европската агенда треба да се претвори во национална агенда.
XS
SM
MD
LG