Достапни линкови

logo-print

Истрагата да го утврди степенот на закана за Македонија


Терористичките организации обично преземаат одговорност за делата, но се уште не се знае кој стои зад убиствата, велат аналитичарите.

Доцна синоќа заврши распитот на уапсените за петкратното убиство кај Смиљковското Езеро. На петтемина осомничени за директно учество во убиството им е одреден противор од 30 дена и ќе бидат обвинети за тероризам, но двајца од нив се во бегство. Останатите тројца ќе бидат притворени во затворот во Битола.
Секоја терористичка организација по извршување на својата цел, односно нанесување материјална или нематеријална штета, со цел да предизвика хаос и немир во општеството секогаш се обзнанува, се легитимира. Во нашава ситуација такво нешто се уште не дознавме. Останува на истражните органи натаму да ја прошират истрагата во делот на нарачателите на ваквиот чин.

На четворица од уапсените ќе им се суди само за поседување оружје. Ним им е одреден притвор од 30 дена, а ќе бидат сместени во затворот во Прилеп. Една од уапсените жени е пуштена дома, а на останатите им е одреден притвор од 48 часа да се доистражи дали и како биле вмешани во случајот.

Министерката Гордана Јанкулоска посочи дека се разботи за исламистички терористи и дека сакале да испратат порака за присуство и да сеат страв меѓу населението.

Експертите за безбедност кои ги консултиравме велат дека Македонија е земја која е потенцијална мета на исламистички терористи, но со последниот случај стана и директна цел на напад. Сепак, тие велат дека треба да се почека да заврши истрагата, за да може да се утврди степенот на заканата.

Професор Владимир Пивоваров вели дека ваквите дела, без разлика дали се тероризам или не, внесуваат страв и паника кај населението.
Она што се случи е само еден дел од нивните активности, односно непосредно преземање на дејствија за остварување на нивната цел. Во однос на преземањето на одговорноста, ние како подрачје сме многу мали за да може да направат такво дејствие, зашто знаат дека брзо ќе бидат откриени.

„Секоја терористичка организација по извршување на својата цел, односно нанесување материјална или нематеријална штета, со цел да предизвика хаос и немир во општеството секогаш се обзнанува, се легитимира. Во нашава ситуација такво нешто се уште не дознавме. Останува на истражните органи натаму да ја прошират истрагата во делот на нарачателите на ваквиот чин. Значи само со откривање на мотивот и крајните цели на ваквите извршители ќе знаеме каква беше и во кој степен заканата од овој грозоморен чин“, вели Пивоваров.

Професор Стефан Буџаковски, пак, вели дека регионот подолго време е предмет на интерес на исламистички групи, но олеснителна околност е што радикалниот ислам нема поддршка од мнозинството муслимани во Македонија, а и ИВЗ остро се спротивставува на тоа.

„Она што се случи е само еден дел од нивните активности, односно непосредно преземање на дејствија за остварување на нивната цел. Во однос на преземањето на одговорноста, ние како подрачје сме многу мали за да може да направат такво дејствие, зашто знаат дека брзо ќе бидат откриени“, вели Буџаковски.

Тој вели дека петкратното убиство е класичен терористички чин од рангот на поставување на автомобил-бомба - последиците се исти, но специфичен е само начинот на извршување.
Еве што во врска со истрагата изјави Амбасадорот на САД Пол Волерс

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG