Достапни линкови

Луфтханса ќе отпушти 3.500 вработени


Германската авио-компанија Луфтханса соопшти дека планира да отпушти околу 3.500 вработени во наредните неколку години со цел да ги намали трошоците. До ваквата одлука доаѓа откако вчера беше соопштено дека Луфтханса, во првиот квартал од годинава има загуба од 397 милиони евра. Компанијата има вкупно 121.000 вработени, а со редукцијата на вработените сака да заштеди околу 1,5 милијарди евра до крајот на 2014-та година.
XS
SM
MD
LG