Достапни линкови

Во високо даночен и презадолжен континент како Европа, државно регулираните јавни работи само ќе изградат уште еден пат до никаде, се наведува во коментарот објавен во Фајненшал тајмс.

Жозе Мануел Барозо, како и Алиса во Земјата на чудата мора да си помислил „толку необични работи се случија во последно време што многу малку од нив навистина беа невозможни“. Повикот на Европската комисија за неверојатно зголемување од 6,8 насто на нејзиниот буџет за идната година разбиливо е пречекан со недовреба од земјите членки. Од друга страна, се повеќе има барања за запирање на мерките за штедење.

И додека Брисел повикува на најостри мерки за штедење со тешки социјални и политички последици, Европската унија за возрат не нуди намалување на својот буџет. Ферски е да се каже дека Европската комисија има малку простор за маневрирање. Повеќето од барањата за зголемување на трошоците се договорени од земјите членки во претходните години.

Кратењата на буџетот што се бараа за 2010 и 2011 оставија огромни неплатени сметки кои треба да бидат намирени догодина. Но, Комисијата многу лошо ја води играта. Таа не успеа соодветно да ги пренесе своите потреби, ниту, пак, препозна дека е неопходна поголема солидарност меѓу институциите на Унијата и земјите членки. Нема да биде доволно ниту предвиденото кастрење од еден насто на бројот на персоналот во Европската унија за наредната година. Потребен е пореалистичен приод, особено поради тоа што буџетот на Унијата се зголемува од 2010 година.

Единствениот начин за суштинско намалување на буџетот е редуцирање на трошоците за земјоделството и структуралните фондови. Овие две ставки се скоро 80 насто од буџетот и најмногу се користат од земјите на кои тие најмалку им требаат. Една третина од структуралните фондови оди во земјите членки со бруто домашен производ над просекот на Европската унија.

Големите француски и германски корпорации се меѓу најголемите корисници на земјоделската помош. Обидите да се кратат нивните коверти наидуваат на жесток отпор. Ваквото однесување само го напумпува буџетот и уште повеќе ја слабее и онака кршливата европска солидарност.

Во меѓувреме, како што пишува Фајненшал тајмс, невработеноста во Шпанија е скоро 25 насто, во Грција расте бројот на самобиства, Британија е во длабока рецесија. Поради сета оваа болка, плачот станува се погласен. Политиките за штедење во Европа се опасни. Некој мора да го спречи ова лудило.

Можниот иден претседател на Франција Франсоа Оланд дури вети дека штедењето ќе го замени со пораст. Зошто никој досега не се сетил на ова, прашува во коментарот Фајненшал тајмс, објаснувајќи дека Оланд главно смета на големи инфраструктурни проекти, а не и на неопходните структурални реформи.

Повиците Европа преку поголеми трошоци да си го пробие својот пат од долгот се илузија.

„Во високо даночен, многу регулиран и презадолжен континент како Европа, државно регулираните јавни работи само ќе изградат уште еден пат до никаде“, се наведува во коментарот објавен во Фајненшал тајмс.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG