Достапни линкови

logo-print

Притвор од 30 дена за осомничените терористи


Истражен судија им одреди 30-дневен притвор на петтмина осомничени за тероризам поради петкратното убиство кај Смиљковското Езеро на 12 април годинава, потврдиле за МИА во канцеларијата за односи со јавност на Основниот суд Скопје 1. Тројца од осомничените се пренесени во затвор, а двајца се во бегство и притворот ќе им почне кога ќе бидат приведени.
Притвор од 30 дена им е одреден на уште четири лица осомничени за неовластено производство, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.
На шеесетгодишната жена од липковското село Отља, кај која полиција пронајде поголемо количество оружје и муниција, и се одредени превентивни мерки - одземена и е патната исправа и има обврска да се јавува во суд.
На 10-мина приведени во полициската акција „Монструм“, по барање на МВР, им е одреден краткотраен притвор од 48 часа.
XS
SM
MD
LG