Достапни линкови

Тадиќ бара граѓаните да изберат континуитет


Кандидатот на Демократската партија за претседател на Србија, Борис Тадиќ, изјави дека престојните избори во земјата имаат пресудно значење за наредните 10 години. Во интервју за српската телевизија, Тадиќ оцени дека не постои можност за економски развој доколку не продолжи надворешно-политичкиот курс од претходните 4 години. На полноќ во Србија започнува предизворниот молк, а во недела ќе се одржат претседателски, парламентарни локални и покраински избори.
XS
SM
MD
LG