Достапни линкови

Москва и Вашингтон на мртва точка за анти-ракетниот штит


Медведев - Сердјуков

Медведев - Сердјуков

Рускиот министер за одбрана Анатолиј Сердјуков изјави дека преговорите со Вашингтон околу анти-ракетниот штит во Европа се на мртва точка. Обраќајки се на денешната конференција во Москва, посветена на против-ракетната одбрана, Сердјуков истакна дека досега Москва и Вашингтон не дошле до взаемно прифатливо решение за ова прашање. Русија смета дека американскиот анти-ракетен штит во Европа ќе биде закана за неа, додека Соединетите Држави тврдат дека тој е наменет за одбрана од земји како Иран. Инаку, на конференцијата во Москва учествуваат претставници на 50-тина земји, меѓу кои и од Соединетите Држави.
XS
SM
MD
LG