Достапни линкови

Телевизиски дуел Саркози - Оланд


Францускиот претседател Никола Саркози неколку пати го обвини неговиот противкандидат на претседателските избори Франсоа Оланд дека лаже. На синоќешната телевизиска дебата пред вториот круг од изборите за прва пат се соочија двајцата претседателски кандидати лице в лице. Саркози во дебатата се правдаше дека е неправедно обвинет за француските економски проблеми во изминатата година додека неговиот протовкандидат упорно тврдеше дека за Саркози секогаш некој друг е виновен. Главната теза на Саркози беше дека на Франција и е потребно смалување на јавните трошоци и долгови додека пак Оланд преферира стимулативни програми кои би ги финансирала владата.
Во текот на кампањата Саркози го нарече Оланд некомпетентен лажго, додека пак кандидатот на социјалистите го нарече својот противник неуспешен претседател. Анкетите предвидуваат дека Оланд е во предност.
XS
SM
MD
LG