Достапни линкови

Законски санкции за следбениците на Гадафи


Либиските власти вчера усвоија нови закони со кои се казнуваат оние кои беа лојални на поранешниот неколкудецениски лидер на земјата Моамер Гадафи. Со еден од законите се предвидува и доживотна казна затвор за секој осуден учесник во пропагандната машина на Гадафи.
Со друг закон пак се предвидува запленување на имот на над 200 познати лојалисти на Гадафи, негови роднини, министри и воени командани кои до крајот останале лојални кон лидерот.
Во Либија и по смртта на Гадафи и прекинот на востанието против режимот, се уште постои гнев кај граѓаните поради ситуацијата за која сметаат дека власта на Гадафи е одговорна за тоа, односно за племенските конфликти и за слабиот институционален систем.
XS
SM
MD
LG