Достапни линкови

Албанија веројатно ќе дозволи европска истрага за трговија со органи


контроверзната жолта куќа каде наводно се убивале луѓе за нивните органи

контроверзната жолта куќа каде наводно се убивале луѓе за нивните органи

Албанија предложи закон со кој се дозволува спроведување на истрага под водство на Европската унија за случајот со наводно тргување со човечки органи за време на војната на Косово од 1998 до 99 година. Премиерот Сали Бериша рече дека предлог-законот, за кој ќе се гласа неделава, им дава дозвола на странските инспектори да извршат истрага за случајот на албанска територија. Известувачот на Советот на Европа Дик Марти во 2010 година изнесе обвинувања дека команданти на Ослободителната војска на косово биле инволвирани во илегалјна трговија со човечки органи за време на конфликтот.
XS
SM
MD
LG