Достапни линкови

Српското обвинителство се противи на пресудата од Приштина


Обвинителството за воени злосторства на Србија оцени дека денешната одлука на судот во Приштина Фатмир Лимај и тројца негови соработници да се ослободат од кривична одговорност за воени злосторства е „срамна и неправедна“.Мешовитиот судски совет во Приштина ги ослободи Лимај и тројцата поранешни команданти на ОВК од обвинувањата за воени злосторства во селото Клечка. Се поставува прашањето дали некој на Косово воопшто ќе биде осуден за злосторства сторени врз Србите, се навеудва во краткото соопштение на Обвинителството.
XS
SM
MD
LG