Достапни линкови

Избран нов претседател на Унгарија


Јанош Адер

Јанош Адер

Владеачката партија во Унгарија избра близок сојузник на премиерот Виктор Орбан за нов претседател на земјата. Јанош Адер, член на Европскиот парламент и соосновач на владеачката конзервативна партија „Фидеж“ е назначен за нов шеф на државата. Претседателот во Унгарија има повеќе церемонијална функција но исто така има моќ да враќа закони во парламентот или да предава одредени законски решенија до уставниот суд. Адер е замена за Пал Шмит, кој се повлече од функцијата по обвинувањата дека извршил плагијат на својата докторска дизертација во 1992 година.
XS
SM
MD
LG