Достапни линкови

Зголемен кредитниот рејтинг на Грција


Рејтинг агенцијата „Стандард енд Пурс“ ја извлече Грција од категоријата „селективен банкрот“, зголемувајќи ја оценката за рејтингот на грчката економија на нивото „ЦЦЦ“. Новата оценка е со стабилна долгорочна перспектива и следи по големото отпишување на долгови на Атина кон приватните кредитори. „Стандард енд Пурс“ соопшти дека одлуката е донесена откако на 25 април Грција ја заврши операцијата за размена на државни обврзници.Станува збор за најголемото отпишување на државен долг во историјата, при што сопствениците на грчките државни обврзници прифатија намалување од речиси 75 проценти од своите побарувања, со цел да се намали долгот на државата од 165 проценти од бруто домашниот производ лани на околу 120 проценти.
XS
SM
MD
LG