Достапни линкови

logo-print

Клинтон: САД му остануваат посветени на Чен и неговото семејство


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон изјави дека Соединетите американски држави ќе останат посветени на кинескиот дисидент Чен Гуангченг, откако бил постигнат договор со кинеските власти за неговара безбедност. Клинтон денеска пристигна во официјална посета на Пекинг и потврди дека американските и кинеските власти постигнале разбирање за третманот на 40 годишниот активист кој тврди дека бил тепан додека бил во домашен притвор. „Американската влада и американскиот народ се посветени кон задржување на комуникацијата со господинот Чен и неговото семејство во следниве денови, месеци и години“ рече Клинтон.
XS
SM
MD
LG