Достапни линкови

Пет кривични пријави за тероризам во случајот Монструм


Полицијата поднесе кривични пријави против пет лица поради основано сомнение за сторено кривично дело тероризам, од кои две се во бегство, информира денеска министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска. Поднесен е и еден посебен извештај за 10 лица до основното Јавно обвинителство од Скопје. Распитот на уапсените осомничени за масакрот кај Смиљковското езеро пред истражен судија се уште трае, како и анализата на материјалните докази. Уапсените во полициската акција „Монструм“ утрото беа пренесени во скопскиот Кривичен суд. Приведени се 20 лица од Скопје за кои се тврди дека се следбеници на радикалниот ислам. Најголем дел од нив се македонски државјани.
XS
SM
MD
LG