Достапни линкови

logo-print

Обвинителството ќе бара максимална казна за осомничените за петкратното убиство


Обвинителството ќе бара максимална казна за сторителите на петкратното убиство кај Смиљковското Езеро, најави денеска државниот јавен обвинител Љупчо Шврговски. „Законот е многу ригорозен. Се работи за најтежок вид кривични дела-тероризам, за кои е предвидена максимална казна доживотен затвор. Се надевам дека полицијата врз основа на биолошките и материјалните докази што ги има прибрано ќе срочи квалитетна кривична пријава која ќе може да ја процесуираме во најкраток можен рок“ изјави Шврговски пред свечената изјава на новоизбраните јавни обвинители. Тој оцени дека полицијата покажала висок степен на професионализам и ефикасност. Во интерес на истрагата не сакаше да коментира, а повеќе детали за случајот најави за утре.
XS
SM
MD
LG