Достапни линкови

Напади на талибанците по посетата на Обама на Кабул


Кабул. 02.05.2012.

Кабул. 02.05.2012.

Најмалку седум луѓе загинале, додека 20 други биле ранети во денешните напади, вклучувајќи и еден самоубиствен со автомобил бомба во Кабул. До ова дојде само неколку часа откако американскиот претседател Барак Обама замина од Авганистан каде што со претседателот Хамид Карзаи потпиша договор за стратегиско партнерство меѓу двете земји. Одговорноста за нападите кои биле изведени во делот на Кабул што претежно го користат странските организации ја презеле талибанците, наведувајќи дека тоа било одговор за посетата на Обама. Во говорот во Авганистан Обама предупреди на натамошни насилства во земјата.
XS
SM
MD
LG