Достапни линкови

Кинескиот дисидент ја напуштил амбасада на САД во Пекинг


Кинескиот дисидент Чен Гуангченг

Кинескиот дисидент Чен Гуангченг

Кинескиот дисидент Чен Гуангченг кој го сврте вниманието на светската јавност откако избега од домашен притвор, денеска ја напуштил американската амбасада во Пекинг, јавуваат новинските агенции, повикувајќи се на официјален претставник во амбасадата. Тој прецизирал дека Чен заминал во една болница по што ќе се врател дома. Овој случај фрли сенка врз посетата на американскиот државен секретар Хилари Клинтон на Кина која денеска пристигна во Пекинг за да учествува на годишниот економски дијалог меѓу двете земји. Кина побара извинување од Вашингтон за овој случај што го оцени како мешање во кинеските внатрешни работи.
XS
SM
MD
LG