Достапни линкови

Црквата во Битола ги скара владиката и муфтијата


Битола.

Битола.

Владиката Петар и муфтијата Плуми Велиу во конфликт за местото на кое треба да се гради црква во Битола посветена на заштитникот на градот, Свети Нектариј.

Конфронтација меѓу владиката Петар и муфтијата Плуми Велиу за изградбата на црква во центарот на Битола посветена на заштитникот на градот, Свети Нектариј. Според владиката, нема потреба од усогласување со Исламската верска заедница дали да се гради храмот зашто многу во минатото биле урнати за да се градат џамии, а според муфтијата ќе биде спречена постапката зашто земјиштето ИВЗ го бараат преку денационализација да им се врати во владение.
Нема ние што да се усогласуваме со муфтијата. Ако се усогласуваме со муфтијата треба да ги уриваме џамиите и да ги градиме црквите што се под нив. Тие ги купија црквите? Урнаа цркви, изградија џамии. На чие, на црковно земјиште. Ако одиме по таа логика на муфијата, треба да уриваме џамии и да градиме цркви. Треба да му се каже на муфтијата да си седи таму каде што е, да мирува, да не прави меѓунационални и меѓуверски тензии.

„Нема ние што да се усогласуваме со муфтијата. Ако се усогласуваме со муфтијата треба да ги уриваме џамиите и да ги градиме црквите што се под нив. Тие ги купија црквите? Урнаа цркви, изградија џамии. На чие, на црковно земјиште. Ако одиме по таа логика на муфијата, треба да уриваме џамии и да градиме цркви. Треба да му се каже на муфтијата да си седи таму каде што е, да мирува, да не прави меѓунационални и меѓуверски тензии. Тоа не се нивни имоти, нивните имоти биле на црковни имоти и тоа е вистината“, изјави преспанско-пелагонискиот владика Петар.
Советот на општина Битола веќе даде согласност за изградба на црквата.

Советот на општина Битола веќе даде согласност за изградба на црквата.


Муфтијата одговара дека веќе подолго бараат делови од центарот на градот да им се денационализираат и нема да дозволат на тоа место да се гради црква.

„Не само за изградба на црква за Свети Нектариј, туку која било друга градба која ќе се иницира на земјиште на исламска заедница, чии имотно-правни односи не се регулирани со државата, ние ќе го оспориме. Во 1982 година кога заглави изградбата на Соборниот храм во Скопје, ИВЗ со значителна сума на пари има финансирано, помогнато. Не е коректно да се прекарва, она што сме помогнале, но сме повлечени за јазик“, вели муфтијата.

Инаку, Свети Нектариј, според планот, ќе биде помала црква и нема да зафати дел од градскиот парк, туку од местото каде се паркираат таксистите до триаголникот. За да се овозможи градбата, ќе биде затворена и улицата која минува крај фонтаната и споменикот на Филип Втори. Општинскиот совет веќе даде зелено светло за изградба на црквата.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG