Достапни линкови

Јавни набавки под превезот на непосредни спогодби


За набавки до пет илјади евра не се потребни тендери.
За набавки до пет илјади евра не се потребни тендери.

Вредноста на непосредните спогодби во 2011 достигнала 40 милиони евра, што е зголемување за 50 отсто во однос на 2010, констатира Центарот за граѓански комуникации.

Проблемите во сферата на јавните набавки остануваат сериозни, а годинава се бележи и нивно влошување. Меѓу најсериозните се злоупотребата на критериумите за квалификација на фирмите што ја доведува во прашање конкурентноста на фирмите во тендерите, високиот удел на поништување на постапките и непосредните спогодби чиј износ во 2011 достигнал 40 милиони евра што е зголемување за 50 отсто во однос на 2010.
И тоа институциите всушност го злоупотребуваат со тоа што поставуваат премногу високи критериуми и на тој начин всушност ги затвораат тендерите за малите фирми и за оние фирмите кои немаат богато бизнис минато и на тој начин всушност се прави една концентрација на фирми кои ги добиваат тендерите во Република Македонија.
Сабина Факиќ, Центар за граѓански комуникации

Сабина Факиќ од Центарот за граѓански комуникации појаснува дека фирмите ги користат законските недоречености и толкувањето на Законот за јавни набавки.

„И тоа институциите всушност го злоупотребуваат со тоа што поставуваат премногу високи критериуми и на тој начин всушност ги затвораат тендерите за малите фирми и за оние фирмите кои немаат богато бизнис минато и на тој начин всушност се прави една концентрација на фирми кои ги добиваат тендерите во Република Македонија.“

Поранешниот член на антикорупциската комисија, Вања Михајлова вели дека проблемите ги создава и отсуството на санкции што би ги предвидел законот за евентуалните неправилносто во спроведувањето на тендерските постапки.

„Што значи, иако се направени неколку измени на законот се уште законот нема никакви санкции за прекршок, не зборувам за кривичните.“

Проблемите се констатирани како и начините на кои се надминува сегашната сосотојба во оваа сфера, додава Михајлова, но сепак не постои слух од надлежните институции за да се ограничат можните манипулации со критериумите и да се овозможи конкурентност, правичност и фер натпревар на распишаните тендери.

„Ништо од тоа не се прифаќа. Значи недостига политичка волја јавните набавки да се спроведуваат спрема директивите на Европската комисија или спрема законот. Треба измени во законот, но треба и поголемо залагање на Бирото за јавни набавки“, вели Михајлова.

Предизвик за претстојнава година е, велат од Центарот за граѓански комуникации, е како да се натераат институциите и на локално и на национално ниво да ги поставуваат сразмерно критериумите за квалификација на фирмите со цел да овозможат фер конкуренција и да се обезбеди гаранција дека за потрошените пари во јавните набавки се добива најдобрата вредност.
XS
SM
MD
LG