Достапни линкови

Клинтон пристигна во посета на Кина


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон пристигна во Пекинг на разговори со кинеските лидери во момент кога случајот со дисидентот Чен Гуангчен за кој се наведува дека бил под заштита на американската амбасада се заканува да фрли сенка на оваа посета. Клинтон утре и задутре ќе учествува на годишниот економски дијалог меѓу двете земји. На средбите се очекува да се разговара и за тензиите со Северна Кореа и Иран, како и за ситуацијата во Сирија. Дисидентот Чен пред десетина дена избегал од домашен притвор и наводно бил во американската амбасада во Пекинг. Вашингтон одбива да го коментира случајот.
XS
SM
MD
LG