Достапни линкови

logo-print

Мјанмар: Су Ки во парламентот


Мјанмар Аунг Сан Су Ки во парламентот

Мјанмар Аунг Сан Су Ки во парламентот

Лидерот на продемократската опозиција во Мјанмар Аунг Сан Су Ки даде заклетва во провоениот парламент заедно со уште 33 членови на нејзината Национална лига за демократија. 66 годишната Су Ки за прв пат презеде јавна функција откако пред 25 години ја почна борбата против авторитарната власт во земјата. Таа доби пратеничко место на изборите што беа одржани во минатиот месец, но одбиваше да даде заклетва поради тоа што во заклетвата се наведува дека ќе го чува Уставот кој е донесен од воените власти. Сепак денеска таа даде заклетва и вети дека ќе инсистира на брзи реформи во Мјанмар.
XS
SM
MD
LG