Достапни линкови

Обама вклучен во решавање на спорот меѓу Македонија и Грција


Барак Обама

Барак Обама

Специјалниот помошник на американскиот претседател Барак Обама, Елизабет Шервуд Рендал на вчерашниот брифинг во Центарот за стратегиски и меѓународни студии во Вашингтон изјави дека американската администрација работела многу напорно зад сцена за решавање на спорот меѓу Македонија и Грција за името. На прашањето на Метју Емери од Обединетата македонска дијаспора за тоа дали Соединетите држави се подготвени да бидат застапници на Македонија во врска со спорот со името и зачленувањето во НАТО таа изјави: ,,Работевме многу напорно зад сцена за да се постигне решение за ќорсокакот околу прашањето со името на Македонија. Една од работите на кои претседателот размислува, од многуте работи што треба да ги знае како претседател, е и прашањето за името. Тој самиот беше вклучен во разговори со клучните партнери во ова прашање и за жал тоа не е решено навреме за самитот на НАТО во Чикаго. Но, ние продолжуваме да се надеваме дека ова ќе биде решено со цел Македонија да си го земе своето место како членка на НАТО.,,
XS
SM
MD
LG