Достапни линкови

logo-print

Обама: Времето на војната завршува, поразена е Ал Каеда


Обраќањето на американскиот претседател Барак Обама во воената база во Багрем

Обраќањето на американскиот претседател Барак Обама во воената база во Багрем

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека "времето на војната" завршува и дека е на дофат поразот на Ал Каеда. Обама одржа говор во воздухопловната база Баграм во Авганистан, неколку часа по потпишувањето на договор со авганистанскиот колега Хамид Карзаи за улогата на САД во земјата по целосно повлекување на американските борбени сили во 2014 година. Во своето обраќање Обама рече дека по завршувањето на војната во Ирак "ќе можеме да го видиме светлото на новиот ден на хоризонтот." Тој, исто така ги повика Талибанците да се откажат од насилство и да се приклучат кон разговорите за помирување.
XS
SM
MD
LG