Достапни линкови

За српските избори ќе се гласа во 90 избирачки места на Косово


Српската државна изборна комисија одлучила парламентарните и претседателски избори на Косово да се спроведат на 90 гласачки места. Бројот на гласачки места во Косово, според секретарот на Парламентот на Србија Вељко Одаловиќ сега е значително помал во споредба со претходните избори, кога имало 287 гласачки места.Одговорноста за безбедноста на спроведувањето на парламентарните и претседателските избори на Косово ја презеде ОБСЕ, изјави Одаловиќ, додавајќи дека веќе почнале подготовките. Косовската Влада и претседателката Атифете Јахјага ја поздравија подготвеноста на ОБСЕ да ја преземе улогата на олеснувач при спроведувањето на српските избори на Косово.
XS
SM
MD
LG