Достапни линкови

И по прекинот на огнот во Сирија, децата жртви на насилствата


Обединетите нации соопштија дека повеќе од 34 деца, биле убиени во Сирија по прекинот на огнот од 12 април. Специјалниот пратеник на ОН за деца и вооружен конфликт, Радика Кумарасвами изјави дека убиствата се случиле и покрај распоредувањето на мониторите на Обединетите нации за прекин на огнот и ги повика сите страни во конфликтот да се воздржат од недискриминирачката тактика што резултира со убиство и ранување на деца. Во меѓувреме, сириска набљудувачка група соопшти дека опозициските борци убиле најмалку 12 владини трупи во тешки борби во источната провинција на Деир Ал Зор. Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон,исто така, објави дека најмалку 10 лица биле убиени во вторникот во северна Сирија.
XS
SM
MD
LG