Достапни линкови

logo-print

Барак: Израел не може да биде измамен


Министерот за одбрана на Израел, Ехуд Барак

Министерот за одбрана на Израел, Ехуд Барак

Израелскиот министер за одбрана Ехуд Барак изјави дека "сите опции за да се спречи Иран да добива нуклеарно оружје треба да останат на маса," што се смета како повик за можен напад на Израел врз исламската република. Говорејќи во Ерусалим пред странската новинарска асоцијација,Барак рече дека неодамнешното продолжување на меѓународните разговори за нуклеарната програма на Иран не му влева доверба" и предупреди дека "Израел не може да си дозволи да биде измамен". Израел смета дека Иран претставува закана за неговото постоење, бидејќи иранските лидери често се повикуваат на уништување на Израел и поддршка на насилните анти-израелски групи во регионот. Западните влади веќе наметнаа тешки економски санкции врз Техеран поради сомневањата дека се обидува да развие нуклеарно оружје.
XS
SM
MD
LG