Достапни линкови

Пожар во Министерството за правда


илустрација

илустрација

Во Министерството за правда утринава во 10 часот избил пожар на четвртиот кат, кој по интервенција на противпожарните екипи е изгаснат. Со оглед дека денеска е неработен ден, во зградата на Министерството немало вработени и нема повредени. Командирот на Противпожарната бригада Благоја Менковски информира дека пожарот започнал од опожарено електрично орманче на четвртиот кат во објектот. Огнот зафатил и зачадил површина од 10 метри квадратни.
XS
SM
MD
LG