Достапни линкови

logo-print

Клинтон загрижена за третманот на Тимошенко


Фотографија од 25 април - Тимошенко покажува модринка на стомакот

Фотографија од 25 април - Тимошенко покажува модринка на стомакот

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон изјави дека Соединетите американски држави се длабоко загрижени за затворскиот третман на екс-премиерот на Украина Јулија Тимошенко. Поранешниот претседател на украинската влада тврди дека ја тепале затворските стражари во Каркив, каде отслужува седум години казна за злоупотреба на службена должност. Нејзините подржувачи објавија фотографии од модринките на нејзиниот стомак. Клинтон рече дека фотографиите повеќе го ставаат во прашање затворскиот третман на Тимошенко, која штрајкува со глад. Клинтон побара веднаш да и се обезбеди медицински третман на Тимошенко и да му се дозволи на американскиот амбасадор во украина да се сретне со неа. Обвинителите во понеделникот изјавија дека модринките по телото на екс-премиерот најверојатно се од удар во тап предмет, како страница од кревет.
XS
SM
MD
LG