Достапни линкови

Холанѓани и годинава ќе одмораат во Охрид


Холандски туристи пристигнуваат во Охрид.
Холандски туристи пристигнуваат во Охрид.

Во Охрид деновиве пристигна првата група од 120 холандски гости. До крајот на октомври, според најавите, ќе престојувале околу 14.000.

Сончевото време, високите планини и доброто вино е она поради што холандските туристи сакале да доѓаат во Македонија. Но причина се и евтините аранжмани кои за седумдневен престој со вклучен авионски превоз изнесуваат 199 евра. Во Охрид пристигна првата група од 120 Холанѓани. Беа пречекани со сите п очести, торта, вино, погача. Министерот за економија Ваљон Сарачини оптимистички најави дека годинава ќе дошле околу 14.000 Холанѓани, повеќе од лани кога имаше околу 10.000. Меѓу првите Холанѓани годинава имаше и доста млади, што не беше случај минатата сезона.

За вашата земја слушнав од мојата девојка. Таа беше овде минатата година и ми пренесе многу позитивни искуства за Охрид, беше воодушевена.
Холандски турист.

„За вашата земја слушнав од мојата девојка. Таа беше овде минатата година и ми пренесе многу позитивни искуства за Охрид, беше воодушевена“, изјави еден од гостите.
Опинчарска работилница во старата турска чаршија во Охрид, на која стои натпис на кој пишува - зборуваме холандски јазик.
Опинчарска работилница во старата турска чаршија во Охрид, на која стои натпис на кој пишува - зборуваме холандски јазик.

„Очекувам да видам многу планини, цркви и пријателски народ“, рече друг холандски турист.

Холанѓаните во поголем број во Охрид прв пат почнаа да доаѓаат кон крајот во 60-те години. Тоа траело се до крајот на 90-те кога имало прекин од десет години. На нив многу добро се сеќава 86-годишниот чичко Милан. На неговата опинчарска работилница во старата турска чаршија во Охрид стои натпис на кој пишува - зборуваме холандски јазик.
Ми го донесе еден стар Холанѓанец од првите групи и рече ова овде мора да стои. И што пишува прашав? Па пишува овде зборуваме холандски, ми рече. Па ние не зборуваме холандски. Ќе научите, рече. Не знаеме многу, но можеме да се разбереме. Купуваа ремени, опинци, сувенири.
чичко Милан, сопственик на опинчарски дуќан.

„Ми го донесе еден стар Холанѓанец од првите групи и рече ова овде мора да стои. И што пишува прашав? Па пишува овде зборуваме холандски, ми рече. Па ние не зборуваме холандски. Ќе научите, рече. Не знаеме многу, но можеме да се разбереме. Купуваа ремени, опинци, сувенири“, рече чичко Милан.

Чичко Милан стекнал и пријатели холанѓани, каде бил и на гости на нивна покана. Охриѓани велат оти овие Холанѓани кои сега доаѓаат се слаби потрошувачи за разлика од оние порано.

„Некои Холанѓани гледаа, не купуваа многу. Се интересираа, но не беа како оние порано. И слушам само дека пијат кафе, а по бутиците и продавниците не купуваат ништо“, рече Сељам Мишаи, сопственик на продавница за чевли.

„Холанѓаните, освен во хотел што се, не трошат друго ништо. Низ чаршијата кој и да прашаш речиси и никаде и да не влегуваат“, вели Борче Стојкоски, сопственик на тезга во охридската чаршија.

Најголем дел од холандските гости кои годинава ќе престојуваат на ривиерата се добри потрошувачи и се со поголема платежна способност, уверуваат тур-операторите. Покрај во Охрид и Струга, за нив ќе бидат организирани и кружни тури низ Македонија, а ќе бидат овде до октомври.
XS
SM
MD
LG