Достапни линкови

Одбележување на Први Мај со барања за плати и заштита


Стотици илјади луѓе низ целиот свет се собираат за одбележување на денот на трудот, со барања за подобри работни услови и намалување на владините кратења на јавните расходи. Работници од Индонезија, Малезија Тајван и Филипините протестираат за повисоки плати и поголема заштита на работните места, се` со цел да се преброди растот на цените. Синдикалните организации во Шпанија, Грција и Португалија организираат протести против мерките за штедње како и опуштањата на работници од јавниот сектор. Во Соединетите американски држави приврзаниците на движењето „Окупирај го Вол Стрит“ најавија бројни демонстрации и штрајкови низ целата земја.
XS
SM
MD
LG