Достапни линкови

logo-print

Убиен лидер на талибанците, милитантите демантираат


Високорангиран член на авганистанските Талибанци бил убиен заедно со 25 други милитанти, јави авганистанскиот сервис на Радио Слободна Европа, повикувајки се на изјавата на авганистанскиот директор за безбедност Рахматула Набил. Говорејки пред авганистанскиот сенат Набил потврдил дека заменик – лидерот на Талибанците, кој требаше да учествува на мировните разговори со претставници на Соединетите американски држави најверојатно бил убиен од страна на други членови на терористичката група. Портпарол на талибанците ги демантираше ваквите тврдења. Милитантите во март ги прекинаа мировните преговори со Соединетите американски држави.
XS
SM
MD
LG