Достапни линкови

Опсежна операција на МВР во случајот Смиљковци, јавија медиумите


илустрација

илустрација

Изутринава се случила една од досега најсложените операции изведена од Министерството за внатрешни работи, објави Нетпрес, пренесе МИА. Операцијата е поврзана со петкратното убиство кај Смиљковското Езеро. Повеќе информации се очекуват во текот на денот. За сега нема официјални информации од Министерството.

На 13 април на брегот на езерото кај Смиљковци беа убиени Кире Тричковски, Александар Наќевски, Филип Славковски и Цветанчо Ацевски на возраст од 18 до 20 години, како и Борче Стефановски (45) од скоспкото село Црешево. Петмината, според досегашните информации на полицијата, убиени се од автоматско оружје од непосредба близина. Ден подоцна полицијата на 10 километри од местото на инцидентот пронајде автомобил “опел омега“ за кој подоцна се потврди дека бил на местото на убиството и бил користен од убијците.
XS
SM
MD
LG