Достапни линкови

Ле Пен нема да ги подржи ни Саркози ни Оланд


Марин Ле Пен

Марин Ле Пен

Лидерката на крајната десница во Франција Марин Ле Пен изјави дека нема да подржи било кој кандидат на претстојниот втор круг гласање на шести мај за претседателските избори во земјата. Ле пен заврши на трето место по бројот на освоени гласови во првиот круг на 22 април и пред своите подржувачи потврди дека нема на мера да ги подржи нити Никола Саркози нити пак Франсоа Оланд, двајцата кандидати кои ќе се соочат во недела. Таа упати апел до присутните совесно да гласаат и дополни дека на крајот од неделава нема да предаде неважечко гласачко ливче.
XS
SM
MD
LG