Достапни линкови

Покрената истрага по тужба на Саркози


Никола Саркози

Никола Саркози

Обвинителството во Париз започна прелиминарна истрага за работата на интернет портал, откако претседателот Никола Саркози покрена тужба против медиумот поради објавена статија, наводно базирана на фалсификуван документ. Интернет страната „Медиапарт“ јави дека режимот на сега покојниот либијски лидер Муамар Гадафи понудил 66 милиони американски долари за првата претседателска кампања на Саркози во 2007 година. Претседателот смета дерка објавите се базирани на фалсификат и го нарече медиумот мегафон на левичарите. Инаку во недела Саркози ќе се соочи со кандидатот на социјалистите Франсоа Оланд во вториот круг гласање за претседателските избори во Франција.
XS
SM
MD
LG