Достапни линкови

logo-print

Власта и опозицијата се расправаат за ОХИС


Протест организиран од општинската организација на СДСМ - Кисела Вода се одржа денеска пред фабриката ОХИС. Причина, според претседателот на општинската организација Тања Томиќ е на Денот на трудот да побараат исплата на задоцнетите плати и здравственото осигурување пред продажбата на фабриката. „И второ, еден од условите на тендерот за продажба на ОХИС, задолжително да биде задржување на овие работници на работа. Се надеваме дека Владата како одговорна за овој некогашен гигант ќе излезе во пресрет на нашиве барања, кои се во интерес на работниците и семејствата на вработените во ОХИС“ рече Томиќ.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ прави максимални и искрени напори за продажба на фабриката ОХИС, а се со цел да се овозможат поволни и оптимални услови за работа на фабриката кои ќе бидат во полза на работниците, пишува во реакцијата од владеачката партија. “Нема поголемо лицемерие од ова денес. Пријателите на Јорго Ќука од СДСМ да се грижат за работниците од ОХИС. Напротив СДСМ треба да има грижа на совест бидејќи таа беше партијата која што го толерираше криминалот на нивниот кадар и директор Јорго Ќука, кој да потсетиме денес е правосилно осуден поради злоупотреба на службена положба и незаконито работење“ се дополнува во реакцијата.
XS
SM
MD
LG