Достапни линкови

Амбасадорот на ЕУ во Авганистан со забекешки за мировниот процес


Вигаудас Усакас

Вигаудас Усакас

Одбележувањето на една година од смртта на лидерот на терористичката Ал Каеда создава надежи дека исламистичкото бунтовничко движење во Авганистан е победено, но амбасадорот на Европската унија во Кабул вели дека првобитниот оптимизам за решавање на проблемот исчезнува. Вигаудас Усакас забележа дека мировните преговори меѓу Соединетите американски држави и авганистанските Талибанци се суспендирани и додава дека „мировниот процес не е лесен како што се очекувало“. Амбасадорот смета дека за решение потребна е долготрајна посветеност од двете страни. Усакас исто така упати критики кон администрацијата на авганистанскиот претседател Хамид Карзаи, забележувајки дека потребно е подобрување на транспарентноста и одговорноста на власта.
XS
SM
MD
LG