Достапни линкови

Протести во Авганистан поради наводно убиство на деца


Afghanistan -- Zabul Map

Afghanistan -- Zabul Map

Стотици авганистанци протестираа во јужен Авганистан носејки ги телата на 4 деца, за кои велат дека се убиени од страна на сили на НАТО за време на борби со талибанците. Тие скандираа анти - американски слогани.
Децата, според заменик гувернерот на Забул, загинале за време на борбите.
Мохамад Расоулиар изјави дека некои сведоци тврделе дека врз децата стрелале напаѓачите, а не странските сили. НАТО соопшти дека ќе го истражи инцидентот.
XS
SM
MD
LG