Достапни линкови

Клинтон во Пекинг на разговори и за човековите права


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон пред заминувањето за Пекинг изјави дека со кинеските официјални претставници ќе разговара и на теми поврзани со човековите права, за време на Американско - Кинескиот стратегиски и економски дијалог што ќе се одржи подоцна во текот на оваа недела.
Нејзината посета доаѓа во време кога проминентниот кинески активист Ченг Гуанченг бара азил во американската амбасада во Пекинг по бегството од домашен притвор на 22 Април.
Пред да отпатува Клинтон во Вашингтон рече дека меѓу Кина и САД има прашања во областа на човековите права за кои не се согласуваат.
XS
SM
MD
LG