Достапни линкови

Македонија со делумно слободни медиуми


Во најновиот извештај на Фридом Хаус за слободата на печатот во светот, Македонија повторно се најде во групата земји со делумна слобода. Според пласманот, од 197 земји опфатени во извештајот, Македонија заедно со Молдавија го делат 115 и 116 место.

Во минатогодишниот извештај на Фридом хаус Македонија исто така беше во групата земји со делумна слобода на медиумите, но беше пласирана меѓу 96 и стотата позиција.

,,Имаме голем број средно пласирани земји, во некои случаи демократски кандидати или од неодамна демократски кандидати, како Украина и Македонија кои значително се лизнаа во нашиот преглед. Мислам дека тоа укажува на еден од растечките предизвици во регионот.,,

Кристофер Волкер, Фридом хаус

Кристофер Волкер, Фридом хаус


Изјави за Радио Слободна Европа Кристофер Волкер, потпретседател за стратегија и анализа во Фридом хаус, додавајќи дека Украина на 131 место се најде на самата граница до групата земји во кои нема слобода на медиумите.

,,Украина која не така одамна ветуваше дека ќе се гради врз моментот на Портокаловата револуција и ќе развие отворен медиумски систем сега е на чекор да влезе во категоријата неслободни земји.,,
Имаме голем број средно пласирани земји, во некои случаи демократски кандидати или од неодамна демократски кандидати, како Украина и Македонија кои значително се лизнаа во нашиот преглед. Мислам дека тоа укажува на еден од растечките предизвици во регионот.


Вели Волкер. Што се однесува до другите земји во регионот најдобро пласирани во делот на делумно слободните се Црна Гора и Србија околу 75 место, по што следуваат Хрватска, Романија, Босна и Херцеговина и Косово. Според оценките, Црна Гора и Косово во минатата година постигнале забележлив напредок во регионот.

,,Додека во последниве години бевме загрижени за насилството врз новинарите, а во некои случаи, недостиг на енергија кај властите да се справат со тоа годинава, условно кажано, имаше извесно подобрување во транспарентноста на сопственоста на медиумите, што навистнина е проблем во целиот регион. Тоа придонесе за скромно подобрување на евалуацијата на Косово.,,

Во извештајот на Фридом Хаус во кој се оценува позицијата на сите видови медиуми врз законски, политички и економски фактори се рангирани 197 земји и од нив 66 се слободни, 72 се делумно слободни, додека 59 се во делот на земји кои немаат слободни медиуми.


Тоа значи дека само еден од шест луѓе во светот лани уживал во слободата на печатот што е најмалку во изминатава декада. И покрај ваквите вознемирувачки вести во извештајот се потенцира дека еден од најголемите лански настани, Арапската пролет придонесе за своевиден напредок во Тунис и Либија.

Меѓу осумте најлошо рангирани земји се Белорусија, Куба, Иран, Северна Кореа, Туркменистан и Узбекистан, додека најголема слобода на медиумите има во Финска, Норвешка и Шведска. Соединетите држави се на 22 место.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG