Достапни линкови

logo-print

На Србија ќе и биде понудена соработка со НАТО


На Србија, после изборите, под претпоставка дека новата влада ќе реши да вложува во односите со НАТО, ќе и биде понудено да ја прошири соработката со северноатлантската алијанса, најави Елизабет Шервуд Рандал, специјален советник за национална безбедност на американскиот претседател Барак Обама.
Во изјавата за Танјуг таа рече дека доколку Србија го продолжи својот реформски пат и ако српскиот народ реши да продолжи кон евроатлантските интеграции, вратата на НАТО ќе биде отворена.
Рандал истакна дека НАТО сака вратата за членство да остане отворена за сите европски земји кои се способни да ги исполнат условите неопходни за членство и да дадат придонес кон операциите на Алијансата во светот.
- Ние имавме разговори со Србија околку соработката со НАТО и голем број сојузници ја поддржуваат таа соработка, рече советничката на Обама.
Србија кон крајот на ноември 2006 година на самитот на НАТО во Рига беше примена во „Партнерството за мир“, воено-политичка програма на НАТО.
XS
SM
MD
LG