Достапни линкови

Нема знаци на опоравување на глобалниот пазар на труд


Switzerland -- Headquarters of the International Labour Organisation in Geneva, 01Sep1966
Switzerland -- Headquarters of the International Labour Organisation in Geneva, 01Sep1966

Недостасуваат 50 милиони работни места за светот да се врати во состојбата пред глобалната криза.

Нема знаци на опоравување на пазарот на трудот и покрај показателите за економски раст во одредени региони, заклучува Светската организација на трудот во последниот извештај за вработувањата во светот за годинава.

Според меѓународната организација, недостигаат уште приближно 50 милиони работни места за Светот да се врати во состојбата пред глобалната криза. Извештајот пренесува и предупредувања дека на повидок е попроблематична фаза во глобалната криза за вработување.

Според Светската организација на трудот, проблемот е во тоа што во многу економии, посебно во развиениот свет, приоритет им се дава на мерки за штедење и реформи на пазарот на трудот. „Второ, во развиените економии многумина кои бараат работа се деморализирани и ги губат вештините, сметаат од организацијата. Како трет проблем во документот се наведува недовербата поврзана со новите работни места.

ILO The World Day against Child Labour will be celebrated on 12Jun2010.
ILO The World Day against Child Labour will be celebrated on 12Jun2010.
Каде е Македонија?

Македонија се најде во категоријата на земји со средни примања.
Во делот на работниото законодавство за земјата се наведува дека бил укинат принципот на приоретизирање на вработувањата на лица кои биле колективно отпуштани.

Во делот на забелешките земјава е прозвана за намалување на социјалните бенефиции. За потсетување, преку зголемување на старостната граница за одење во пензија, за разлика од порано, работничките треба да работат дополнителни 7 години за да можат да одат во пензија, а работниците дополнителни 4 години.

За несигурноста на работното место значителен придонес даде продолжувањето на максималната должина на договорите за работа на определено време, од една па до пет години а од друга страна имаше кратење и на времетраењето на исплатата на надоместот за вработување во случај на невработеност за кој секој вработен во Македонија плаќа придонес.
XS
SM
MD
LG