Достапни линкови

logo-print

Министерот Попоски во Израел ќе се сретне со претседателот Перез


Министерот за надворешни работи Никола Попоски, кој денеска ја завршува тридневната официјална посета на Израел, ќе се сретне со претседателот Шимон Перез.
Како што соопшти МНР, министерот Попоски, вчера имаше средба со неговиот домаќин, вицепремиерот и шеф на израелската дипломатија Авигдор Либерман. На средбата двајцата министри размениле мислења за билатералните односи, а исто така, се осврнале и на регионалните случувања во Југоисточна Европа и на Блискиот Исток.
XS
SM
MD
LG