Достапни линкови

Македонија со делумно слободен печат


Во најновиот извештај на Фридом Хаус за слободата на печатот во светот, Македонија е во групата земји со делумна слобода. Според пласманот, од 197 земји, Македонија заедно со Молдавија го делат 115 и 116 место. Во минатогодишниот извештај на Фридом хаус Македонија исто така беше во групата земји со делумна слобода на медиумите, но беше пласирана меѓу 96 и стотата позиција. Што се однесува до другите земји во регионот најдобро пласирани се Црна Гора и Србија околу 75 место, по што следуваат Хрватска, Романија, Босна и Херцеговина и Косово.
XS
SM
MD
LG