Достапни линкови

Протести во Авганистан


Стотици млади луѓе од Авганистан денеска протестираа во Кабул против поранешните воени владетели во земјата. Станува збор за втор протест неделава, кој се случува во услови на силна кампања против некогашните моќници. Членови на неколку младински политички групи гореа постери и извикуваа пароли за осуда. Демонстрациите се случуваат после државниот празник на 28 април, кога им се оддава почит на некогашните воени владетели, познат како Денот на победа на муџахидините.
XS
SM
MD
LG