Достапни линкови

logo-print

СДСМ најавува интерпелација, ВМРО - ДПМНЕ бара јавно соочување


Пратеничката група на СДСМ до Собранието ќе поднесе интерпелација за работењето на министерот за финансии Зоран Ставрески, информира на денешната прес - конференција претседателот на партијата Бранко Црвенковски. Според него, министерот за финансии има директна одговорност за, како што рече, тешките последици на макроекономската политика на земјата предизвикана со проектираниот буџет, за чиј ребаланс утре ќе расправа Собранието само 4 месеци по неговото донесување. Во врска со Законот за новото задолжување на земјата со кредит од 250 милиони евра од Дојче банка со камата од 6,83 проценти, СДСМ смета дека се продолжува со енормното задолжување на земјата. „Овој заем е доказ дека Македонија има празна државна каса, а министерот Ставрески носи лична одговорност за тоа“ рече Црвенковски. ВМРО-ДПМНЕ во реакција посочува оти ребалансот на буџетот се прави поради влошување на економската состојба во ЕУ и нејзиното влијание врз македонското стопанство и го повика лидерот на опозициската партија на тв дебата со Ставрески. „Вакви ребаланси се прават во скоро сите европски земји и тоа во сличен временски интервал. Тоа што Црвенковски и неговите економски советници или не го знаат овој факт или го кријат од јавноста е нивен проблем“ рече на прес конференцијата Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
XS
SM
MD
LG