Достапни линкови

logo-print

Патните планови на Меркел се условени од судбината на Тимошенко


Ангела Меркел

Ангела Меркел

Помошник на Ангела Меркел изјави дека германската канцеларка е подготвена да ги бојкотира мечовите на Германија на претстојното Европско првенство во фудбал кое се одржува во Украина, доколку не се забележи подобрување во случајот со екс-премиерката Јулија Тимошенко која отслужува седумгодишна затворска казна и се жали на малтретирање. Георг Штајнер дополни дека било кој план за патување на Меркел е условен од судбината на Тимошенко. Во меѓувреме, портпарол на Жозе Мануел Баросо изјави дека претседателот на Европската комисија „нема никаква намера“ да патува за Украина за првенството а посетата на земјата ја откажаа и претседателите на Чешка Австрија и Словенија.
XS
SM
MD
LG