Достапни линкови

Државните медиуми контра активистите: осуммина загинаа во Идлиб


Сиријската државна новинска агенција јави дека осуммина загинале во два напади на бомбаши самоубијци во северозападниот град Идлиб. Власта обвини терористи кои му се противат на претседателот Башар Ал Асад за нападите. Активисти за човекови права, од друга страна, велат дека дваесетмина загинале во нападите. Државните медиуми исто така јавуваат дека експлодирале гранати во градот Дамаск, во напад на централната банка и полициска станица. Двајца полицајци се повредени.
XS
SM
MD
LG