Достапни линкови

Баросо нема да оди во Украина поради Тимошенко


Жозе Мануел Баросо

Жозе Мануел Баросо

Портпарол на Жозе Мануел Баросо изјави дека претседателот на Европската комисија „нема никаква намера“ да патува за Украина за првенството во фудбал Еуро 2012 ако украинските власти не превземат чекори согласно сериозната загриженост за третманот на екс-премиерката Јулија Тимошенко во затвор. Медиумите јавуваат дека германската канцеларка Ангела Меркел исто така е загрижена за третманот на поранешниот претседател на украинската влада и се шпекулира дека ќе се побара од германските министри да не одат на натпреварите. Претседателите на Чешка Австрија и Словенија исто така ги откажаа посетите на Украина.
XS
SM
MD
LG