Достапни линкови

logo-print

Тутунарите на суд ќе ги бараат парите од Струмица табак


Архивска фотографија - Откуп на тутун во Прилеп.

Архивска фотографија - Откуп на тутун во Прилеп.

Тутунарите не добиле ниту денар за тутунот кој го продале на Струмица табак. За нивните проблеми не им помогнале ниту во Министерството за земјоделство, па сега спас бараат во судот.

Независниот синдикат на земјоделците на Македонија реагира и го обвинува Министерството за земјоделство за инертен однос, во врска со исплатата на откупениот тутун од Струмица табак. Струмичкиот откупувач го исплаќал родот во првите две недели од откупната кампања, а од тогаш до денес не е исплатен ниту килограм од реколтата.
Имаме поднесено барање до Министерството како Синдикат и добивме одговор дека Министерството не е надлежно за тоа. Кој е надлежен за ова? Значи тоа му дава права за откуп, лиценца за откуп, па нека му ја земат таа лиценца или нека остават залог откупните претпријатија со којшто можат после да се исплатат тутунарите. И сега ќе одиме со групна тужба да им помогнеме како Синдикат.

За барањата на тутунарите и на Синдикатот немале слух ниту во Струмица табак, ниту во Министерството. Па тутунарите немоќни да ги решат проблемите, а без денар за егзистенција, одлучиле преку суд да ги бараат заработените пари со трудот и потта на семејствата.

„Имаме поднесено барање до Министерството како Синдикат и добивме одговор дека Министерството не е надлежно за тоа. Кој е надлежен за ова? Значи тоа му дава права за откуп, лиценца за откуп, па нека му ја земат таа лиценца или нека остават залог откупните претпријатија со којшто можат после да се исплатат тутунарите. И сега ќе одиме со групна тужба да им помогнеме како Синдикат“, вели Моника Велеска, претседател на Независниот синдикат на земјоделци на Македонија.
Моника Велеска, претседател на Независниот синдикат на земјоделци на Македонија.

Моника Велеска, претседател на Независниот синдикат на земјоделци на Македонија.


Од Синдикатот тврдат и дека распределбата на субвенциите за тутунот, која според најавите треба да се реализира до средината на мај е условувана со исплата на обврските согласно со договорите со откупните фирми.
На Владата и се потребни споменици, значи има пари за да гради споменици, за да прави палми во Скопје и се чудиме на тие палми, а нам не ни даваат пари за нашиот тутун да го насадиме за да заработиме.

„Проблем имаме со субвенциите, досега субвенции даваа, сега не уценуваат и ни даваат или да го платиме хидросистемот или нема да добиеме субвенции. Инаку тоа одеше ако немаш платено хидросистем, ќе те дадат на суд, а сега не ги даваат на суд, туку не задолжуваат ако не ги платиме, нема субвенции.“

Но, како да ги платат овие средства, кога најголем дел од тутунарите се борат за егзистенција и едвај чекаат да ги земат парите од тутунот за да ги платат долговите по дуќаните и сметките за струја.

„На Владата и се потребни споменици, значи има пари за да гради споменици, за да прави палми во Скопје и се чудиме на тие палми, а нам не ни даваат пари за нашиот тутун да го насадиме за да заработиме. И за утре за егзистенција, значи самите ние си се снабдуваме, не бараме да не вработат, не бараме ништо само егзистенција, ние таа егзистенција не ја добиваме од нив“, истакнува Велеска.

Во овој Независен синдикат членуваат околу 5.500 земјоделци. Тие, според најавите, со мирен простест пред Владата во знак на незадоволство за крајно тешката ситуација во аграрот ќе бараат остварување на своите права.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG